logo
logo
logo

ДЕТАЛИ за сообраќајката на Илинденска: Повредени ТРИ ЛИЦА

Vecer | 23.10.2021

ДЕТАЛИ за сообраќајката на Илинденска: Повредени ТРИ ЛИЦА

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19 часот на крстосница од булеварот „Илинден“ и на улицата„Никола Тесла“.

МВР информира дека во несреќата учествувале автомобил „цитроен“, управуван од И.Е.(31) од Скопје и автомобил „даихатсу“, управуван од С.Г.(52) од Скопје, двата со скопски регистарски ознаки.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk