logo
logo
logo

Правична застапеност НЕ ВАЖИ

Во „министерството на Груби“ над 90 % од вработените се Албанци, А САМО ПЕТМИНА МАКЕДОНЦИ!

Vecer | 15.07.2024

Во „министерството на Груби“ над 90 % од вработените се Албанци, А САМО ПЕТМИНА МАКЕДОНЦИ!

Принципот на правична застапеност очигледно воопшто не важел во доскорешното Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, сега Министерство за односи меѓу заедниците, а кое до скоро беше предводено од Артан Груби.

Новиот министер Иван Стоилковиќ за Канал 5 вели дека над 90 % од вработените се Албанци, но дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот. 

- Од вкупно 294 вработени само петмина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа ќе бидат дислоцирани од Министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk