logo
logo
logo

Во Македонија активни се 12.150 - ОВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 24.09.2021

Во Македонија активни се 12.150 - ОВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Заклучно со 22 септември, со вакцинацијата, за која од МЗ велат дека се одвива непречено на сите пунктови низ државата, и на терен, вакцинирани се вкупно 778 408 граѓани. Аплицирани се вкупно 1 482 287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703 878 граѓани.

Согласно податоците, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Како што информираа од Министерството за здравство, во вчерашната ковид статистика се регистрирани 526 нови случаи на Ковид-19 од направени 3 632 тестови, оздравени се 830 пациенти, а пријавени се 28 починати. Бројот на активни случаи изнесува 12 150. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188 635, оздравени се 169 946 пациенти, а починати 6 539

Во однос на анализите на бројките на Институтот за јавно здравје, како што кажа Филипче, имаме епидемиолошка состојба, која во овој момент во делот на кривата се наоѓа во форма на плато, значи еднаков број новодијагностицирани случаи – околу 500 повеќе денови наназад.

– Тоа не прави никаков притисок во болниците. Се зголемува бројот на слободни кревети во Интерните клиники, на Инфективната клиника, како и во неколку болници во државата, истакна министерот.

Дополни дека прилично е изедначен бројот на прегледи на Инфективната клиника, тоа е најголемиот репер, некаде околу 50-тина повеќе денови наназад.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 81913, Активни 5696

Куманово 11158, Активни 931

Тетово 10778, Активни 959

Прилеп 8963, Активни 295

Гостивар 7942, Активни 507

Битола 6989, Активни 257

Велес 6098, Активни 305

Охрид 5863, Активни 474

Кавадарци 5794, Активни 212

Струмица 5643, Активни 323

Штип 5611, Активни 242

Кичево 3903, Активни 412

Струга 3768, Активни 359

Кочани 3168, Активни 132

Гевгелија 2376, Активни 80

Неготино 2301, Активни 43

Свети Николе 1846, Активни 111

Ресен 1523, Активни 108

Радовиш 1492, Активни 112

Дебар 1445, Активни 123

Крива Паланка 1379, Активни 74

Берово 1203, Активни 33

Делчево 1113, Активни 67

Виница 1017, Активни 52

Пробиштип 903, Активни 44

Валандово 800, Активни 34

Богданци 544, Активни 16

Кратово 541, Активни 51

Крушево 518, Активни 15

Македонски Брод 463, Активни 32

Демир Хисар 430, Активни 20

Демир Капија 407, Активни 5

Пехчево 310, Активни 6

Македонска Каменица 294, Активни 19

Дојран 139, Активни 1

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk