logo
logo
logo

ФОТОВЕСТ

Во лето паркинг, во зима гимназија: ОХРИД И СЕ Е МОЖНО!

Vecer | 02.08.2021

Во лето паркинг, во зима гимназија: ОХРИД И СЕ Е МОЖНО!

Дефинитивно охридските „изуми“ годинава го достигнаа врвот, овој пат со моментот дека дворот на охридската гимназија е претворен во паркинг. И да е иронијата поголема, тој е еден од подобрите зашто ај што е осветлен, и евтин е, иако во центарот на градот.

- 50 денари цело време, така вели дечкото што ќе ве пречека на рампата кај Гимназија.

Што реално е и супер во споредба со премиум паркингот на кој еден час чини 100 денари, ама малку е смешничко просторот кој за време на училишната година се користи како игралиште, место за дружби на учениците и сл. во лето да е паркинг.

Што е многу, многу е и кому му текнал изумов се надеваме дека нема да му текне следното лето и дворот да си претвори во градски паркинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk