logo
logo
logo

Во Ковид центарот во Дебар само ЕДЕН пациент

Vecer | 24.05.2021

Во Ковид центарот во Дебар само ЕДЕН пациент

Епидемиолошката состојба со Ковид-19, како и на ниво на држава и на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна, оценува Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност во Дебар.

– Во Ковид центарот при инфективното одделение во нашата болница моментно имаме само еден пациент на болнички третман. Станува збор за повозрасна жена од општина Центар Жупа, која е на повремена кислородна поддршка. Ова е најмала бројка до сега од отворањето на центарот, во почетокот на ноември минатата година. Оптимист сум дека веќе го гледаме светлото на тунелот, но сепак, моја порака е дека треба да бидеме внимателни, изјави Алили за МИА.

Вчера попладне, додава тој, и покрај сите напори на здравствениот персонал, во Ковид центарот, како последица од опасниот вирус, почина жител на општина Центар Жупа.

Од почетокот на пандемијата, кога ова подрачје беше прво жариште на болеста, регистрирани се 939 случаи со Ковид-19, починале 43, додека активни на болеста се шест лица.

На подрачјето на двете општини во измнатите четири дена нема нов случај, додека овој месец опасниот вирус е потврден кај девет лица, наспроти минатот месец кога од први до 24 април биле регистрани 68 нови случаи.

Доктор Алили на МИА потврди дека непречено се одвива и процесот на имунизација, со кој до сега се опфатени околу илјада жители од двете општин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk