До 15 часот на гласање излегле 31,8 отсто од граѓани, е податокот што предмалку го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, за излезноста на локалните избори.

Ваквиот одзив тој го оцени како солиден и ги повика граѓани да излезат и да гласаат.

Во меѓувреме, ажурираните податоци на веб-страницата на ДИК, покажуваат мала промена во процентот на излезност односно дека според обработени 95,15 отсто од гласачите, излезноста до 15 часот изнесува 31,49 отсто односно дека гласале 546 789 граѓани.

Даштевски на прес-конференцијата наведен и неколку општини со најголема и најмала излезност. Така, меѓу општините каде има најголема излезност се:

Новаци – 59,16 отсто;
Демир Хисар – 54,87 отсто;
Лозово – 54,04 отсто;
Вевчани – 51,25 отсто;
Карбинци – 49,43 отсто;
Крива Паланка 49,15 отсто;
Крушево – 48,48 отсто;
Македонски Брод – 47,58 отсто;
Кратово – 47,28; отсто;
Кривогаштани – 46,98 отсто;
Дојран – 46,78 отсто;
Демир Капија – 46,38 отсто;
Ранковце – 45,16 отсто;
Неготино 44,16 отсто.
Општини со најмала излезност се:

Гостивар – 23,7 отсто;
Дебар – 23,15 отсто;
Желино – 23,03 отсто;
Боговиње – 22,43 отсто;
Сарај – 21,35 отсто;
Врапчиште – 21,28 отсто;
Маврово-Ростуше – 21,12 отсто;
Студеничани – 20,97 отсто;
Липково – 19,99 отсто;
Шуто Оризари – 19,15 отсто;
Центар Жупа – 19,1 отсто.