Во Кавадарци не чекаат, дивоградбите се уриваат

Охрид со минатата власт успеа да стане центар за дивоградби, заедно со Тетово, а сега кога општината ќе се обиде да ги урива од владата доаѓа второстепено решение дека уривањето се запира, како што беше случајот со хотелот на брегот на охридското езеро.
Спречувањето на дивоградбие треба да биде делокруг и работа на општините, и тоа пред да стане масовна појава бидејќи потоа е се потешко. Во Кавадарци е во тек акција за уривање дивоградби.
Денес се рушат 14 диво изградени објекти во “тенеќе маало”. На ова место според програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци е планирано да се продолжи со кејот на реката и подигање на зелена површина – парк.
Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компаниите “Ја- Ми”,,Ас Машини” и ,,Градба Промет”.