logo
logo
logo

Во близина на дискотеката во Кочани ИМАЛО СКЛАД ЗА НАФТА НАМЕНЕТ ЗА ДРУГ ОБЈЕКТ

Vecer | 18.03.2025

Во близина на дискотеката во Кочани ИМАЛО СКЛАД ЗА НАФТА НАМЕНЕТ ЗА ДРУГ ОБЈЕКТ

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника.

Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот.  

Информацијата ја потврдија и од Обвинителството.

При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, информираа од Обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk