logo
logo
logo

Во Битола засадени дрвца за незаборав по повод 78-годишнината од депортацијата на Евреите

Vecer | 11.03.2021

Во Битола засадени дрвца за незаборав по повод 78-годишнината од депортацијата на Евреите

Со полагање цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола и на споменикот на Естреја Овадија Мара, од страна на битолската градоначалничка, Наташа Петровска, делегација на Советот на Општина Битола, директорките на здравственот дом „Д-р Хаим Абраванел“ и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и претставници на Сојузот на пензионери, во градот под Пелистер се одбележа 78-годишнината од депортацијата на Евреите во Втората свсетска војна.

„Денешниот ден побудува длабоки емоции кај сите нас како битолчани, затоа што нè потсеќа на еден трагичен настан од минатото, кога нашите сограѓани од Еврејската заедница беа депортирани од нашиот град. Одбележувањето на овој ден кое што го правиме секоја година, е од единствена причина дека сакаме да се сеќаваме на тој ден, заради тоа што ни значи да се сеќаваме на нашите сограѓани, на Еврејската заедница која што постоела во Битола, меѓутоа со тоа сакаме да покажеме кон целиот свет дека се случило злодело кое што човештвото не смее никогаш да си дозволи да се повтори никаде на планетата“, рече градоначалничката Петровска.

Воедно преку онлајн платформата „Зум“, по повод денот на депортацијата на Евреите, се одржа настан на кој во градот Кирјат Оно во Израел, свои пораки на сеќавање за жртвите, како и пораки за мир испратија градоначалникот на овој град, Израел Гал, израелскиот амбасадор Дан Оријан, Александар Аврамовски од македонската амбасада во Израел и д-р Шели Леви Друмер.

По испраќањето на пораките, заеднички во исто време, беа засадени дрвја во Битола и во Кирјат Оно.

Во Битола, засадувањето се реализираше во дворот на Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а покрај градоначалничката Петровска, јапонски цреши засадија и директорката на здравствениот дом Весна Спирковска и директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk