logo
logo
logo

„АКО АЛИ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА, ВРАЌАЊЕ НЕМА“ - НОВА ЗАКАНА ОД АХМЕТИ ако Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани

Vecer | 02.05.2025

„АКО АЛИ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА, ВРАЌАЊЕ НЕМА“ - НОВА ЗАКАНА ОД АХМЕТИ ако Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани

Додека се носат одлуки во коалицијата ВЛЕН, по напуштањето од Таравари, нова закана стигнува од претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во изјава за Слободен печат, се заканува дека ако ексминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, Али Ахмети ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Убеден е дека на улица како од шега во секој момент ќе извади 10.000 интегративци и поддржувачи и дека ќе протестираат секоја недела.

„Ќе протестираме за Крешник. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда.

Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Во пакетот мора да има и ветинг на сите политички партии од 1991 година до сега. Ветинг на сите функционери за потеклото на нивниот имот од 1991 година до сега.

Ветинг на процесот на приватизација на државниот имот по 1991 година. Ветинг под меѓународен надзор и на судии, јавни обвинители и на самата полиција, вклучувајќи ги и сите политичари“ – вели Ахмети за „Слободен печат“.

Тој е дециден дека ако се чепне во албанскиот јазик, ДУИ ќе повика на бојкот на локалните избори за да не се постигне цензус и гласањето да пропадне.

Ахмети вели и дека не разговарал со Алијанса за Албанците за заеднички настап на локалните, но ја остави отворена и можноста за соработка со СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk