logo
logo
logo

Heoфициjaлно: Bo aкциjaта за дpoга фатен и шoфepoт на Тpaјче 3aeв?!

Vecer | 09.04.2021

Heoфициjaлно: Bo aкциjaта за дpoга фатен и шoфepoт на Тpaјче 3aeв?!

Неофицијално дознаваме дека еден од приведените во денешната акција на ДЕА и МВР е возачот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев. Станува збор за Александар Ушилковски (во белата блуза на сликата) кој наводно бил фатен со дрога во вредност од 800 илјади евра, пишува Република.

Ако оваа информација е точнa, се наметнува прашањето дали МВР отвора војна со криминалот на кланот Заеви.

Информацијата доаѓа откако МВР се најде во во средиштето на скандалот Мафија каде познати нарко босови добивале пасоши со украден идентитет од луѓе од Струмица кои се блиски до премиерот.

Од МВР велат дека повеќе информации за акцијата ќе има во текот на денот бидејќи акцијата е се уште во тек.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk