logo
logo
logo

Во 11 часот е закажан погребот во Штип, во 12 во Кочани и во 13 во Облешево

Vecer | 19.03.2025

Во 11 часот е закажан погребот во Штип, во 12 во Кочани и во 13 во Облешево

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се оджи утре (четврток, 20.03.2025 година) во следниот период:

11.00 часот на градските гробошта во Штип:

12.00 часот на градските гробишта во Кочани:

13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.

Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.

Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семјства со детали околу погребот.

Не можам да ги опишам ужасот и тагата кои ги чувствувам. Уште еднаш изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите. Бог нека им дава сила да ја издржат оваа ненадоместлива загуба, болка и тага.Во овие моменти на неопислива тага, траор и колективна жал ги замолувам сите граѓани за достоинствено испраќање на жртвите и разумно постапување во текот на утрешниот тажен ден, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk