logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ хакери празнат сметки! Граѓани останале без пари!?

Vecer | 08.06.2021

ВНИМАВАЈТЕ хакери празнат сметки! Граѓани останале без пари!?

Вистински шок овие денови доживуваат десетици лица кои се членови на позната македонска банка откако нивното салдо го испразниле хакери. Последниот ваков случај го доживеал и 33-годишен скопјанец кому вчера кога сакал да подигне пари од банкомат не му успеало. Имено, на екранот пишувало дека не може да се подигне сума, бидејќи веќе е направена трансакција од 30 илјади денари.

Тој во изјава за КУРИР вели дека веднаш заминал во банката каде дознал дека бил мета на хакерска измама.

- Во банката ми кажаа дека во неделата од банкомат во Штип од мојата картичка биле подигнати 30 илјади денари иако јас сум од Скопје и за време на викендот бев дома, ниту ја имав дадено некому мојата картичка која ми е во паричникот. Од службите таму ми кажаа дека не сум единствен и дека парите целосно ќе ми бидат вратени во наредните неколку дена, раскажува тој за агонијата која ја поминал.

Ова младо момче додава дека денеска од банката му потенцирале дека не е единствениот кој овој викенд бил мета на хакерски напад и преку неговата картичка да изнудат поголема сума на пари.

- Истото им се случило на поголем број на македонски граѓани, но од банката не сакаа да ми ја откријат бројката, вели тој за Курир и додава дека за овој случај треба да се информираат сите граѓани се со цел да внимаваат на честите измами особено во денешно време кога има експанзија на хакери и вакви напади.

Засега нема информации дали случајот е пријавен во МВР и дали тие работат на расчистување на истиот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk