logo
logo
logo

Анкета

ВМРО-ДПМНЕ води со 4,5% пред СДСМ, додека ДАНЕЛА АРСОВСКА ИМА ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД ШИЛЕГОВ

Vecer | 23.09.2021

ВМРО-ДПМНЕ води со 4,5% пред СДСМ, додека ДАНЕЛА АРСОВСКА ИМА ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД ШИЛЕГОВ

ВМРО-ДПМНЕ со 18,9% е во водство пред СДСМ кои имаат 14,4% доверба кај граѓаните, според најновата анкета на ИСПОС која денеска на брифинг со новинари ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Потоа следуваат Левица со 6.9%, ДУИ со 5,5% и Алијанса за Албанците и Алтернатива со 4,9%  поддршка од граѓаните.

Според анкетата на овие избори се очекува излезност од 56% од гласачите, а од тие кои се изјасниле дека ќе гласаат поддршката е следна: ВМРО-ДПМНЕ 33,9%, СДСМ 26%, Левица 12,4%, ДУИ 9,8% и Алијанса за Албанците и Алтернатива 8,8%.

Во Градот Скопје Данела Арсовска независната кандидатка која ја доби поддршката на ВМРО-ДПМНЕ има 41%, додека за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов би гласале 27% од граѓаните на Скопје.

65% проценти од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а како најголеми проблеми се посочени здравствената криза со ковид пандемијата, невработеноста и економијата.

Анкетата е спроведена теренски од 23 август до 3 септември на примерок од 1012 испитаници на целата територија на Македонија за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk