logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Vecer | 01.07.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен. -Вистинското покачување на струјата кое власта сака да го сокрие е над 18%. Тоа значи ако до вчера едно домаќинство плаќало 4.000 денари, од 1 јули ќе плаќа скоро 5.000 денари. Вистинскиот шок ќе следи во зимскиот период, особено за домаќинставата кои се грејат на струја. А такви има голем број, особено ако се земе во предвид дека власта и самата субвенционираше купување на инвертер клими со цел замена на старите грејни тела на тврди горива. Па така домќинство кое се грее на грејно тело на струја и кое лани плаќало 13.000 денари месечно за струја, оваа година месечно ќе плаќа и над 28.000 денари, се наведува во соопштението на партијата. Парите на граѓаните нема да стигнат буквално ниту за покривање на сметките. СДСМ и ДУИ ја задолжуваат државата и ги осиромашуваат граѓаните. Премногу е.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk