logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов мисли дека со низок ПР, исполнет со лаги манипулации, ќе му се допадне на народот

Vecer | 22.07.2024

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов мисли дека со низок ПР, исполнет со лаги манипулации, ќе му се допадне на народот

Никола Спасов, мислејќи дека со низок ПР, исполнет со лаги манипулации, ќе му се допадне на народот, тој го докажува само спротивното. Народот уште повеќе ги подржува политиките, на Владата, а рејтингот на СДС и понатаму вртоглаво паѓа, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

- Над 900.000 евра, пари на граѓаните има добиено Спасов од владата на СДС, преку неговата агенција Рејтинг, а дел и за организирање измислени настани. Местење на договорени тендери, за неговата агенција Рејтинг, не е исто со водење на јавни односи на партија. Очигледно Спасов е научен, само преку местенки и позадински игри, да си ги завршува работите во животот. Но овој пат тоа нема да му помине, бидејќи граѓаните го имаат прочитано. Ваквиот начин на водење на партијата, од страна на Спасов и Филипче, е срам за чесните членови на СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk