logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Помалку време беше потребно да се смисли вакцина, отколку што на Филипче и Заев им треба да набават!

Vecer | 12.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Помалку време беше потребно да се смисли вакцина, отколку што на Филипче и Заев им треба да набават!

Побрзо се дојде до формулата за вакцина отколку што Заев и Филипче се способни да набават вакцина против корона, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Одложувањето на првата долгоочекувана пратка вакцини од Србија е уште еден во низата докази за неспособноста на Заев и Филипче.

Прво рекоа, Грција ќе прати вакцини за Македонија. Потоа Филипче замина за Бугарија и рече Бугарија ќе даде вакцини за Македонија.

А рекоа ќе има вакцини од КОВАКС механизмот, директно ќе преговараат со производителите на вакцините.

Фактот е еден, ситуацијата многу јасна – во Македонија нема ниту една вакцина, а средина на февруари е.

Додека сите трчаа по договори за вакцини, Филипче и Заев се возеа на КОВАКС, се возеа на тоа дека нив некој ќе им даде вакцини!

Што мислеа ќе им паднат од небо вакцини?!

Ваква брука не е видена! Ваква неспособна екипа не е видена!Заев и Филипче немаат срам!

Наместо да шират лаги и да се правдаат со глупави соопштенија треба да седнат и да си ги потпишат оставките!, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk