logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка кој свесно ширеше паника

Vecer | 06.04.2025

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка кој свесно ширеше паника

Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над дозволеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Сашко Митовски не штедеше зборови и секојдневно изминатата недела ширеше паника меѓу жителите, за да дојде до ситни политички поени во пресрет на локалните избори.

Митовски беше демантиран од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Од таму истакнаа дека нема цијанид над дозволеното и дека водата е безбедна.

Со оглед на тоа дека Митовски е јавна личност, а одредена група на граѓани која му ја дала добербата, сега беа изневерени.

Митовски свесно говорел невистини и ширел паника меѓу своите сограѓани, а за тоа кривично се одговара.

Го повикуваме ЈО да поднесе кривична пријава кон Сашко Митовски за ширење паника, со цел собирање политички поени, се вели во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk