logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е марионета на Ахмети

Vecer | 30.01.2023

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е марионета на Ахмети

Ковачевски е слуга на Ахмети и во него бара спас, бега од избори затоа што знае дека народот не го поддржува, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека оваа влада не е на Ковачевски, „тој е марионета, слуга на Ахмети и ги извршува неговите насоки“. Ахмети не работи за народот, туку за себе. Додека Ахмети шири национализам, за кој ја замени зелената агенда, и Македонците и Албанците во Македонија живеат лошо со оваа власт. Сите партии кои се дел од власта се виновни за егзодусот со иселување кој и се случува на Македонија секој ден. Ковачевски и Ахмети бегаат од избори, затоа што со избори завршуваат нивните кариери. Оваа власт на ДУИ поддржана од СДС, нема направено ништо за државата, и со секој изминат ден на власт тие пропаѓаат и губат гласови, и Ковачевски и Ахмети тоа го знаат, но за ден повеќе власт се спремни да ги потонат со себе и своите партии и иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk