logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапува со слоганот „СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА - Промени, прокти, победи“ на локалните избори

Vecer | 23.09.2021

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапува со слоганот „СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА - Промени, прокти, победи“ на локалните избори

„Создади нова иднина  - промени, проекти, победи“ е слоганот со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе настапува на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откривајќи ги слоганот и логото рече дека Македонија време е да излезе од 30 годишниот затворен круг и да почне да оди напред.

Мицкоски изјави дека очекува победа во 39 општини и градот Скопје, односно да ги повтори општинските резултати од претседателските и предвремените парламентарни избори.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе биде претставен под редниот број 7.

Првиот круг од локалните избори во Македонија ќе се одржи на 17 октомври, а кампањата започнува во понеделник на 27 септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk