logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, Заев и Филипче да не се кријат од јавноста

Vecer | 09.09.2021

ВМРО-ДПМНЕ изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, Заев и Филипче да не се кријат од јавноста

ВМРО-ДПМНЕ изразува големо жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане, велат од партијата.

- Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk