logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии од опозицијата за масовна излезност во вториот круг против Заев и СДСМ

Vecer | 20.10.2021

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии од опозицијата за масовна излезност во вториот круг против Заев и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ повикува на широк опозициски фронт и масовна излезност во вториот круг против власта. Коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на во првиот круг од локалните избори освои над 55.000 гласа повеќе од СДСМ и нивната коалиција гледано по освоени гласови на советничките листи, соопштија од партијата.

Тие потенцираат дека граѓаните во огромен број се определија за промени.

- Народот покажа дека сака да го смени мрачното сивило. Прогресот за СДСМ е криминал и корупција во институциите и општеството, тендери за блиските околу Заев. Народот јасно даде глас против власта и постои силно антивладино расположение, се додава во соопштението.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии од опозицијата и леви и центар и десни да се обединиме и да излеземе масовно во вториот круг на 31 октомври, за да ја запечатиме желбата на огромното мнозинство граѓани кои сакаат промени и поубава иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk