logo
logo
logo

Почна седницата на СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ во Вила Водно, по израелско-американскиот напад врз Иран

Vecer | 01.03.2026

Почна седницата на СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ во Вила Водно, по израелско-американскиот напад врз Иран

Во тек е седница на Советот на безбедност во Вила Водно, поради случувањата на Блискиот Исток по израелско-американскиот напад врз Иран.

Седницата беше закажана по консултациите кои ги имала шефицата на државата, соопштија од нејзиниот Кабинет при најавата.

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, кое ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Претседател на Советот за безбедност е претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.

Според телевизиските извештаи, во Вила Водно се пристигнати сите членови на Советот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk