logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Додека фирми тонат, Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Vecer | 14.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Додека фирми тонат, Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП. Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за вдомување на партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој поголемиот број не се шофери, кои се дефицитарни е полнење на администрацијата на оваа претпријатие, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања. ЈСП има недостаток на шофери, но за Шилегов тоа не е проблем, негова преокупација е како да вработи оперативен директор, цоветник за примена на јазиците и инжинер за инвестиции во ЈСП, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Шилегов го претвори ЈСП во фирма за вдомување на партиски кадри, а Скопје има делува каде нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне.

– И се додека е Шилегов градот ќе тоне, додаваат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk