logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Рашковски тргувал со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители

Vecer | 24.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Рашковски тргувал со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители

Во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет во Скопје е пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинителисе наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ..

Што бараат прашањата за судии и обвинители кај Рашковски?

Уште поголем сомнеж фрла фактот што серверот на системот на Академијата за судии и јавни обвинители се наоѓа во влада, а каде до неодамна Рашковски беше генерален секретар.

Во јавноста се појавија низа сомнежи кога дел од кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители имаа 100 од вкупно 100 можни поени на испитот.

Самиот факт што сега прашањата се најдени во кабинетот на Рашковски фрла дамка врз целиот процес и ЈО треба во целост да го испита претходните неколку конкурси, кои се спроведувани додека Рашковски бил на функција.

Постои сериозна опасност за нарушување на кредибилитетот на идните судии и обвинители, и ЈО мора да реагира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk