logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Центарот за комуникации на СДСМ најмалку треба да пишува за режим, бидејќи во СДСМ на големо владее

Vecer | 05.12.2021

ВМРО ДПМНЕ: Центарот за комуникации на СДСМ најмалку треба да пишува за режим, бидејќи во СДСМ на големо владее

Во недостиг на ефикасни мерки за справување со економската и енергетската криза, од центарот за комуникации на СДСМ излегуваат банални соопштенија.

Центарот за комуникации на СДСМ најмалку треба да пишува за режим, бидејќи во СДСМ на големо владее.

Очигледно е дека нивниот претседател Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Нивниот претседател Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира заевизмот во СДСМ. Единствено најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред.

Заевизмот е најголема закана за граѓаните и Македонија. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Зоран Заев. Тоа единствено може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk