logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ БАРА СИТЕ ПАРТИИ ДА ГИ ПОДДРЖАТ МАТУРАНТИТЕ, за иднината се работи

Vecer | 02.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ БАРА СИТЕ ПАРТИИ ДА ГИ ПОДДРЖАТ МАТУРАНТИТЕ, за иднината се работи

  • За иднината на државата се работи. Време е да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование
  • ВМРО-ДПМНЕ смета дека барањата на матурантите се оправдани

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите парламентарни партии, да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование, кои ги доставиле до Собранието, а се со цел да им се помогне на матурантите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

- Матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата. Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмети матура се оправдани, додават од партијата.

Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија, веќе го применија овој модел за намалување на бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат, стои во соопштението.

- Бараме од сите партии, особено од власта да ги поддржи овие законски измени, бидејќи за иднината на државата се работи. Време е да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk