logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ:

Ако Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев?

Vecer | 03.05.2025

Ако Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев?

Изјавите на Филипче во кои го велича Заев, како политичар од кого ,,треба да учиме“, дали тоа е поради суштината на она што Заев го претставуваше, кој остави хаос во институциите и го уништи угледот на Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

- Македонија се соочуваше со најтешките трагедии, убиствата кај Смилковско езеро и смртта на Младенов, а Заев ветуваше дека ќе ја обелодени вистината за овие настани. Народот од Заев не доби ниту објаснување, ниту вистина, само предавства на секое поле. Филипче да каже дали е тоа политичкиот пристап што го нарекува ,,пример од кој треба да учиме“? Дали Филипче мисли на празните ветувања на Заев, на масовните корупциски скандали, непочитувањето на институциите или на распроджбата на националните интереси? И после се ова Филипче да даде одговор на јавноста дали е спремен да ја сноси одговорноста од политичкиот багаж на Заев? Кога лидер на партија која успеа да ја крахира државата, и се повикува на фигура како Заев, мора да даде објаснување на јавноста на што точно мисли. И ако веќе Филипче сака јавно да се позиционира како наследник на Заев, граѓаните треба да знаат дали ги чека продолжение на истата приказна, само со нова маска. Или Венко Филипче само користи емотивно наелектризирани теми за да добие подобра политичка позиција. Дали Филипче ќе ја занемари одговорноста и довербата на граѓаните заради личен или партиски интерес? Сепак тоа е одлика по која СДС се препознатливи. СДС повторно се обидуваат да манипулираат, и да изградат “реформиран“ имиџ. Наместо правда, граѓаните добија партизација на институции, непотизам, и корупциски скандали. СДС го искористи своето време на власт за личен и партиски интерес, оставајќи ја државата послаба, поделенa и обесхрабрена, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде ,,втор Заев“, човек под чие раководство Македонија западна во најдлабоки кризи од својата независност.

СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал, додаваат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk