logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: 36 дејности се изоставени од предлогот за неработна недела

Vecer | 19.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ: 36 дејности се изоставени од предлогот за неработна недела

36 дејности се изоставени од предлогот на СДСМ за неработен ден недела, над 40.000 луѓе се дискриминирани, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Недела како неработен ден треба да претставува голем исчекор кон унапредување на работничките права. Ова е нешто за кое ВМРО-ДПМНЕ се залага, но пред сè како можност за подобрување на благосостојбата на работниците во земјава и подобро балансирање на професионалниот и приватниот живот.

Конечно предлогот за измена на Законот е во завршна фаза и се очекува негово објавување, но содржи 36 исклучоци. Тоа се 36 гранки, односно голем процент на вработени кои ќе мораат да продолжат да работат во недела. Мораме да го поставиме прашањето која е суштината на овој предлог. Зошто толку многу отстапки?

Недела неработен ден за сите трба да подразбира стеснување на кругот само на оние дејности кај кои е навистина неопходно да се работи во недела, а за што во нашата програма го креиравме како идно право на вработените, веднаш кога ќе се формира новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Дали со ова решение навистина се оди кон подобрување на работничките права или ова е само фиктивно исполнето предизборно ветување кое фактички не ќе ја исполни целта? Дали вака делумно решение кое ќе опфати помалку од 40 000 вработени, а ќе се промовира на големо дека е решение за неделата како неработен ден за сите е всушност почеток на предизборната кампања за локалните избори?! Да, токму тоа е, ќе се крева прашина за да не се види реалната слика, а тоа е дека во Македонија ништо ново и спектакуларно нема да се случи во процесот на унапредување на работничките права!“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk