logo
logo
logo

„Власта не ги засегаат учебниците и проблемите во образованито, приоритет им се уставните измени“

Vecer | 27.09.2023

„Власта не ги засегаат учебниците и проблемите во образованито, приоритет им се уставните измени“

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека министерот за образование Шаќири несериозно се однесува во врска со печатењето и доставувањето на учебници што е негова надлежност и обврска.

Неговите ветувања и датуми кои ги набројува не се исполнуваат, додека учениците учат од прирачници и од се друго ама не и од учебници.

Министерот се уште не објавува уште колку учебници надостасуваат во сите степени на образованието со оглед дека конкурси за автори и за рецензенти се објавуваат постојано, што значи дека работата со учебниците не е довршена.

Реално е незадоволството од наставниците, од учителите и од професорите кои не се задоволни од условите во кои работат како и од платите кои заостануваат споредени со растот на цените и инфлацијата.

Шаќири, како и неговиот шеф Ковачевски, како да не ги засегаат проблемите во образованието туку најважни се измените на Уставот како прв приоритет. За тоа како им е на учениците и на родителите не им е грижа.

Затоа Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изместените приоритети на власта ја покажуваат неспособноста и погрешните политики кои ги води Владата и заради тоа мора да си оди, а изборите да се одржат веднаш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk