logo
logo
logo

Гордан Георгиев

ВЛАДАТА ДОБРО СЕ СПРАВУВА СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, има масовни апсења, се прави нешто различно

Vecer | 02.05.2025

ВЛАДАТА ДОБРО СЕ СПРАВУВА СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, има масовни апсења, се прави нешто различно

Власта релативно добро се справува со последиците од трагедијата во Кочани, односно добро ја менаџира, ако може да се искористи таков збор., смета Гордан Георгиев, поранешен функционер од СДСМ.

Тој вели дека исходот на истрагата и крајот на оваа несреќа може да дефинира како сегашната владејачка гарнитура ќе биде запаматена во иднина.

- Иако може погрешно да бидам разбран или интерпретиран, сметам дека сегашната Влада добро се справува, или добро ја менаџира, ако може да се користи тој збор,  ситуацијата по трагедијата во Кочани.

Изминативе денови имавме масовни апсења, што јасно укажува дека има волја да се направи нешто поразлично. Но следењето на тој процес во иднина е исто така значаен. Девет месеци на власт имаа, многу е лошо да ти се случи нешто такво, зборувам само од политички аспект. Тоа е голем товар, товар кој е тешко да се надмине.

Јас тврдам дека овој настан ќе не прогонува, ќе ги прогонува надлежните до последниот ден од мандатот и ќе дефинира како ќе биде запаметена оваа Влада.

Ако они не испорачаат, ако не успеат да им докажат на граѓаните дека испорачале правда, дека се бореле со се она што е гнило во ова општество, со непотизмот, со криминалот, тогаш ќе бидат запаметени како најлошата Влада.

Но, ако успеат да испорачаат правда, а тоа е уште рано да го видиме, бидејќи ситуацијата се уште е ровка, јавноста се уште е потресена, но тогаш тоа ќе биде голем напредок за сите нас - вели Георгиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk