logo
logo
logo

Влада: Наша цел е заеднички со Бугарија да кажеме дека "најдовме решение во кое нема поразени"

Vecer | 28.03.2021

Влада: Наша цел е заеднички со Бугарија да кажеме дека "најдовме решение во кое нема поразени"

Владата на Република Македонија ја оценува како несоодветна постапката да биде повикан на разговор вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија Владимир Крстевски во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, а е изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

Навистина, ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Македонија заврши во 2019 година. Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата. ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија.

Владата на Република Македонија и понатаму останува посветена и отворена за интензивни разговори и за пријателски дијалог за што побргу да дојдеме до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Македонија и Бугарија и низ заедничките основи да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ. Очекуваме и иницираме пријателските манири и односи да се интензивираат од двете страни за да можеме час поскоро со Бугарија да кажеме дека "најдовме решение во кое нема поразени" и што поскоро заедно да се справуваме со предизвиците кои ги носи новото време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk