logo
logo
logo

(Видео) Жугиќ: Се користи ли Универзална сала за потребите на Петре Шилегов за претстојните избори?

Vecer | 05.06.2021

(Видео) Жугиќ: Се користи ли Универзална сала за потребите на Петре Шилегов за претстојните избори?


Јелена Жугиќ советничка во Советот на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ упати прашање до власта-дали Универзална сала се користи како установа за обезбедување на техничка опрема -лед екрани, озвучување и осветлување за потребите на Петре Шилегов и СДСМ за претстојните локални избори, праша Жугиќ.

„Дали со пари на скопјани се плаќа и ќе се плаќа кампањата за втор мандат на Шилегов? Имено, на 1-ви јуни заврши јавната набавка спроведена од Универзална Сала за избор на понудувач за организирање и изнајмување на техничка опрема за осветлување и озвучување на настани за настани со капацитет внимавајте на 1500; 3000; 8000 и 20.000 луѓе. Практично скопјани плаќаме услуга која нема да може да ги искористиме поради протоколите за организирање настани на отворено, нема да биде возможно толку голем број на луѓе да се соберат на едно место во услови на пандемија. Па оттука логично се поставува прашањето дали за настани на кои може да присуствуваат најмногу 1000 луѓе, ако владата го одобри тоа ќе се фактурира опрема минимум за 1500 или за 3000 или за 20.000 луѓе?“, изјави Жугиќ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=R5JpOMeaAGY[/embed]

„Само за споредба, минатата година на Скопје анплагд во Камник, беше организиран настан со целосна сценска опрема за публика од 50 луѓе, а оваа година на 25-ти јуни истиот настан ќе се одржи на кровот на Сити мол ако владата дозволи за максимум 1000 луѓе. Би сакала да напоменам дека препораката на владата да се поддржат и ангажираат домашни музичари, како да не важи за Универзалната сала па тие за настанот ангажирале три групи од кои само две се македонски“, вели Жугиќ.

Според неа, очигледно е дека набавката на сценско технички услуги за 1500, 3000 , 8000 и 20.000 луѓе не може да се реализира оваа година, а ако таквата набавка биде платена, и искористена за настан за помалку од 1000 луѓе, тогаш вели Жугиќ логично се поставува прашањето дали и како ќе се користи услугата која е преплатена, и дали со оваа набавка Шилегов не плаќа за сценско техничка опрема за неговата кампања за претстојните локални избори.

„Ќе се одлеваат ли илјадници евра за сценска техника за настани малку луѓе и дали не е ова класично перење пари од страна на Универзална сала? Градоначалник Шилегов, вака ли ќе го барате гласот на скопјани за втор мандат? Нашите пари ли ќе ги користите за партиски цели? 4 години работите на штета на Скопје и сега сакате скопјани да ви ја плаќаат кампањата. На 100 метарска бина да се качете, со десетици лед екрани позади вас, со најмодерна ротирачка расвета и топ концертно озвучување, џабе ви е“, вели советничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Смета дека 4 години со Шилегов и Заев за Скопје и скопјани се како што вели 4 години украден живот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk