logo
logo
logo

(ВИДЕО) Вооружена група со експлозив крена во воздух банкомат во трговскиот „Поинт ретаил парк“ во СКОПЈЕ

Vecer | 07.12.2022

(ВИДЕО) Вооружена група со експлозив крена во воздух банкомат во трговскиот „Поинт ретаил парк“ во СКОПЈЕ

Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и со експлозив кренала во воздух банкомати, објави порталот зум.мк Станува збор за „Поинт ретаил парк“, а полицијата поради тоа го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада. „Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект“, соопштија од МВР. Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk