logo
logo
logo

(ВИДЕО) Трипуновски: Тутунот во Македонија остана неоткупен

Vecer | 20.03.2021

(ВИДЕО) Трипуновски: Тутунот во Македонија остана неоткупен

Илјадници килограми тутун останаа неоткупени, а оној што се откупи, е проценет по мизерни цени. Ако килограм тутун во редовниот откуп  се откупуваше по цена како да се купува една кутија цигари сега во продолжениот рок се купува по цена од еден килограм спањак.

Тутунарите останаа без пари, на раб на егзистенција. Главна причина за ниската откупна цена, и слабиот откуп е дозволата на власта да се увезува тутун во Македонија, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека македонскиот тутун скапува, власта дозволи увоз на тутун, која е главната  причина за страдањето на стотици илјади тутунари ширум Република Македонија. Според наши сознанија во Македонија во изминатиот период увезени се околу 1.600 000 килограми ориентален тутун. Огромното количество увезен тутун е главната причина, пред се, за ниската откупна цена на домашниот тутун, но и за тутунот кој остана неоткупен. Ова се документи со кој се докажува увозот на ориентален тутун од Република Бугарија во Македонија. Овие документи го потврдуваат увозот, кој власта упорно сака да го негира. Од оваа фактура гледаме дека се работи за ориентален тутун кој е увезен од Република Бугарија и неговата крајна дестинација е Република Македонија, рече Трипуновски и додаде:

„Вашиот тутун  ви го земаа по мизерна цена, а дел ви остана неоткупен и скапува, Додека вие се чудите како да преживеете од први до први во месецот, во Македонија се увезува тутун и имаме одлив на девизи. Страдате и вие почитувани тутунари, но исто така страда и македонската економијата во целост. Вашиот проблем го создаде владата предводена од Зоран Заев кој ви ветуваше  дека ќе го препороди земјоделството, дека ќе обезбеди високи откупни цени и сигурен пласман на вашите производи. Тој е причината за вашето страдања. Време е СДСМ да си замине. Време е овие страдања да запрат“.

https://www.youtube.com/watch?v=5SJOrttcOSM

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk