logo
logo
logo

(ВИДЕО) Снежна покривка и намалена видливост: Како е вечерва на Попова Шапка?

Vecer | 28.01.2023

(ВИДЕО) Снежна покривка и намалена видливост: Како е вечерва на Попова Шапка?

На Попова Шапка попладнево видливоста е намалена на 50 до 60 метри. Поради тоа од Авто мото сојузот апелираат на внимателно возење. Од Управата за хидрометеоролошки работи, пак, информираа дека попладнево висината на снежната покривка на Попова Шапка е 78 сантиметри, а измерената темпертура во 16 часот била -3 Целзиусови степени. Од ски-центарот Попова Шапка информираа дека во текот на денот работеле со полн капацитет, сите ски-лифтови, жичници и ски-патеки биле во функција, а вечерва, од 19 до 22 часот, има и забава со диџеј. Здружението за промоција на македонски ски центри, „Ски Македонија“ на својот јутјуб-канал има снимка во живо од Попова Шапка на која може да се погледне состојбата во ски-центарот. https://www.youtube.com/watch?v=qKa9p3f5QDY Освен на Попова Шапка, во другите скијачки центри во државата, висината на снежната покривка е мала. Од УХМР велат дека во Маврови Анови има 15 саниметри снег. Времето утре од УХМР велат дека ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Повардарието повремено со засилен ветер од северен правец.
„Од понеделник ќе преовладува студено и променливо облачно, повремено ветровито време. Засилен северен ветер ќе дува во вторник и ќе има краткотрајни врнежи претежно од снег, а од четврток врнежите од снег ќе бидат повремено и со умерен интензитет“, информираат од УХМР.
Поради тоа што сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk