logo
logo
logo

(Видео) Петровска: Мицкоски да излезе и да одговори за скандалот во Германија, со кој се поврзува и ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 19.03.2021

(Видео) Петровска: Мицкоски да излезе и да одговори за скандалот во Германија, со кој се поврзува и ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Тобијас Цех, поднесе оставка откако угледни германски медиуми објавија дека од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Груевски, наплатил околу 50.000 евра за консултантски услуги, рече на денешната прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=DbPnJypXm20[/embed]

„Скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му беше Христијан Мицкоски, потоа назначен и за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. По оставката на пртаеникот Цех од Германија, Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да даде одговори: Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени? Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница? Каква била улогата на Мицкоски прво како генерален секретар а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија“, запраша Петровска која додаде дека овој, како што рече, скандал заслужува и институционално внимание од наделжните органи.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk