logo
logo
logo

(Видео) Неловска: Наумовски да одговори дали рачното фрлање на сол чини над 100.000 евра ?

Vecer | 14.02.2021

(Видео) Неловска: Наумовски да одговори дали рачното фрлање на сол чини над 100.000 евра ?


Наумовски да одговори дали рачното фрлање на сол за потсмев, чини над 100.000 евра, изјави Ленче Нелоска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=zjQtb0R1_io[/embed]

„На 24-ти декември минатата година, Александар Наумоски склучил договор за услуги за зимско одржување на улици и патишта на територија на општина Ѓорче Петров, во вредност од 6.366.000 денари или над 100.000 евра, според кој механизација треба да биде присутна и излезена на терен веднаш штом ќе почне да паѓа снег. Во ваквиот криминално склучен договор фирмата добитник на тендерот добива месечен надомест во текот на целата година без разлика дали има снег или нема снег, а доколку има снежни наноси и излезе на терен добива исплата по работен час. За овие пари сите улици во општината требаше да бидат светнатни, ама дали овие пари завршуваат каде што се наменети или во некој џеб можете и сами да процените“, рече таа.

Додека граѓаните мака мачат со снежните врнежи и тешкото непроодно движење, вели Нелоска, Наумоски несериозно си игра со функција што ја има.

„Откако во текот на вчерашниот ден со своите постапки и мобилната екипа за рачно фрлање на сол уште еднаш ја направи општината Ѓорче Петров место за потсмев, Наумоски направил уште една криминална работа со која се прослави во својот мандат. Граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваат со подмрзнати улици и големи снежни наноси, а фирмата која што е ангажирана постои само на страниците на овој лукративен договор потпишан од Наумоски. Ова е изгледа уште еден бонбона бизнис на власта, односно договор спроведен по заевиот принцип ‘’евро за тебе – евро за мене’’. Можеби Наумоски нема мака возејќи се низ неисчистените снежни улици низ Ѓорче Петров во својот луксузен џип БМВ Х5 или согласно гласините низ општината во подновата во личниот возен парк, ама граѓаните се чувствуваат небезбедни“, рече Нелоска.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk