logo
logo
logo

(Видео) Нелоски: Освен скандалозната набавка на скала, истата фирма набавува спортска опрема за министерството на Шекеринска

Vecer | 08.05.2021

(Видео) Нелоски: Освен скандалозната набавка на скала, истата фирма набавува спортска опрема за министерството на Шекеринска


Додека ние објавуваме скандал со набавка на противпожарна скала од 1.7 милиони евра, двојно повеќе од таа во Загреб, замислете зетот на секретарот на Шилегов не стои ни минута во место, договорил и добил нов тендер од Радмила Шеќеринска, обвини Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=J1A9CH8926k[/embed]

Според него, таткото на советничката од СДСМ, Михаела Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1.7 милиони евра, ќерка му Михаела Иванова гласала на Советот, Шилегов потпишал, а зетот на секретарот на Градот Скопје преку фирмата „Армор плус“ ДОО набавува.

„Додека јавното обвинителство спие за овој предмет и се прави недоветно, се занимава единствено со заташкување на криминалот на власта, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе кривична пријава за оваа јавна набавка, каде јасно се гледа дека се работи за крими шема и има основан сомнеж за тежок криминал. Кривичната пријава ќе ги опфати сите сегменти на основан сомнеж за криминал, од едноставна причина што јавното обвинителство сеуште спие и ја штити власта. Замислете, скопјани вријат за овој криминал што го гледаат, фирмата на зетот на секретарот на Шилегов добил уште еден тендер од Радмила Шеќеринска. Министерството за одбрана извршило набавка на приближно милион евра за спортска опрема од фирмата АРМОР ПЛУС“, рече Нелоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk