logo
logo
logo

(ВИДЕО) Мони Дамевски ја спореди македонската и српската продукција: Го имаат регулирано Законот за производство на серии

Vecer | 29.01.2023

(ВИДЕО) Мони Дамевски ја спореди македонската и српската продукција: Го имаат регулирано Законот за производство на серии

Дел од петочкото издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“ беше македонски актер и продуцент кој е и директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, познатиот Симеон Мони Дамевски. Со него се дискутираше на повеќе теми, фокусот се стави на серијата која наскоро ќе биде на ТВ екраните „Бистра вода“. Мони Дамевски ја спореди македонската и српската продукција. Тој вели дека главната предност во Србија која недостава сум кај нас е регулацијата на Законот за  мора да даваат за производство на серии.
- Ние сме постојано љубоморни на Србија затоа што во таму го имаат регулирано Законот на таков начин да  телекомуникациските провајдери да мораат да даваат 4% од своите пари на производство на серии. Тие лани снимаа 16 серии, годинава 32 серии. Имаат огромна хиперпродуција, вели Дамевски.
Актерот потенцираше дека вештината се стекнува исклучиво со работа, а истата треба константно да се подобрува.
- Актерскиот занает се пече во играта, а ако не играш имаш недостаток. Вештината се стекнува со работа. И тоа се одразува врз актерите, заклучи Дамевски.
Тој исто така се осврна и на новата македонска играна серија „Бистра вода“ во продукција на „Синемон медија фактори“ и Алфа ТВ со сценарио, режија и продукција на Јани Бојаџи, а главната улога ја игра токму тој. Во однос на серијата „Бистра вода“ откри интересни детали околу актерската екипа и содржината. Целото гостување на актерот Дамевски може да го погледнете ТУКА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk