logo
logo
logo

(Видео) Мицкоски: Законот за лични карти е блокиран поради забелешки од амбасадор на соседна земја

Vecer | 18.02.2021

(Видео) Мицкоски: Законот за лични карти е блокиран поради забелешки од амбасадор на соседна земја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува решение во личните карти да стои и етничката припадност на граѓаните. На новинарско прашање дали има некаква заднина во реакциите од Грција, поради користењето на терминот Македонец, Мицкоски потврди дека законот е блокиран заради тоа што амбасадор од наша соседна земја имал сериозна забелешка по истиот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=YdIi6amLu1g[/embed]

„Ако навистина Зоран Заев сака тоа да го направи, бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце, еве зошто тоа не го направи сега и да го достави законот во рамките на Собранието со европското знаменце, да можам јас да се идентификувам себеси како Македонец“, запраша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Заев со оние на кои, како што кажа, им обезбедувал поддршка и друг тип на логистика пред изборите за да одземаат гласови од ВМРО–ДПМНЕ, сега го блокираат законот со 100 – 200 илјади амандмани и прават филибастеринг.

„Еве, зошто тоа не го направи ако навистина има толкава желба. Нека го стави тоа со европско знаменце и ќе види јавноста дали е така. Инаку, апсолутно, да, тоа е одговорот, има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава“, заврши Мицкоски.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk