logo
logo
logo

(Видео) Мицкоски: Нашиот јазик е нападнат, затоа што е нападнат идентитетот

Vecer | 21.02.2021

(Видео) Мицкоски: Нашиот јазик е нападнат, затоа што е нападнат идентитетот


Нашиот јазик е нападнат, затоа што е нападнат идентитетот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешниот негов говор за настанот на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во чест на меѓународниот денот на мајчиниот јазикот.

„Не можам да се лутам на соседите, на Бугарија или Грција колку што вината е на првиот човек на нашата влада во Македонија кој на пазарџиски кантар стави се што за нас е свето. Без оглед тоа што тој вели дека идентитетот е бетон, неговите зборови и ветувања стануваат ирелевантни, затоа што делата го демантираат. Навистина оваа наша генерација ја носи и фрустрацијата што не се додржува да се одбрани она што како наследство го добивме, било да е од Мисирков, Илинден, Партизаните, основачите на независна Македонија. Стекнатото го губиме, а ново не создаваме“, истакна Мицкоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Aa3UXBq0-_c[/embed]

Тој рече дека државата е на удар од луѓе кои криминалот им е основно занимање, а политиката ја гледаат како челичен штит од правдата која никако да успее да пробие.

„Нема штит, нема корумпиран судија или корумпиран обвинител кој ќе спаси корумпиран политичар од тоа за криминалот да одговара. И не ме интересира кој од која партија е, кој кого протежира е, за криминалот со чекан, а не со молење. Од првиот до последниот ќе се соочите со правдата за секое свое дело или отстапување од законите и Уставот“, дополни тој.

Мицкоски потенцира дека таквиот криминал е опасен затоа што удира и по македонизмот.

„Што мислите зошто денес за само 4 години под прашање, под сомнеж, под удар ни е јазикот, посебноста, идентитетот, името, нашето постоење. Затоа што различно гледаме со власта, тоа што за мене е посвето од сите свети работи, за овие што ја водат власта е прашање на бизнис и пари. Не може едноставно не може премиерот најкорумпираниот премиер да е на чело на владата која пак е најкорумпирана во Европа, а тој така корумпиран со раката навалена на срце да вели дека е чесен. Народот веќе добро ги препознава тие игри и целосно е свесен за процесите“, кажа Мицкоски.

Тој подвлече дека таа корупција и таа состојба на криминализираност на се и сешто во нашето општество треба да ги загрижи многу повеќе и меѓународните фактори кои во овој човек во минатото затоа што не се мислеше да распродава се што некој нему му оставил, гледаа милениче кое постепено гледаме како им станува товар, затоа што никој па и тие не сакаат да си имаат работа со криминалец. Затоа што неговиот товар станува и нивен товар, неговиот срам може набргу да стане и нивен срам. Затоа и тие треба да реагираат за сето она што е акутна опасност во нашето општество, неправдата, сиромаштијата, неказнетиот криминал.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk