logo
logo
logo

(Видео) Мицкоски: Мал број на луѓе за да се спасат од кривичен прогон се кријат зад иницијативата за вонреден Конгрес

Vecer | 11.02.2021

(Видео) Мицкоски: Мал број на луѓе за да се спасат од кривичен прогон се кријат зад иницијативата за вонреден Конгрес


Таканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев кои што се обидуваат да манипулираат практично со дел од делагатите кои што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, се со единствена цел да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон кој што се случува, изјави Мицкоски при одговор на новинарско прашање во однос на иницијативата за вонреден Конгрес.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=qWxY5yqDeEs[/embed]

Тој рече дека Централниот Комитет на вчерашната седница закажал Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на месец ноември, тој е редовен конгрес кој што се одржува секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори кои што идното раководство на партијата ќе ги преземе кое што ќе биде избрано на тој конгрес.

Мицкоски ја искористи приликата и да се заблагодари на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти кои што ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата и со гадење истите ги отфрлаат и продолжуваат заедно со раководството на партијата легитимно да се борат се до остварување на крајната цел.

Крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија од овој хибриден режим кој што го предводи владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум го одел мојот пат, мојот пат е да служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие од одбрале нивниот пат да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци кои што се обидуваат да и наштетат на Македонија, рече Мицкоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk