logo
logo
logo

(Видео) Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората масовно да се попише

Vecer | 26.03.2021

(Видео) Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората масовно да се попише

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел имаше средба со претставници на дијаспората, а се разговараше за претстојниот попис.

Министерот ги повика сите масовно да се попишат, бидејќи ова претставува можност успешно да се заврши статистичката операција која има непроценливо големо значење за развојот на државата, информираат од неговиот кабинет.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2HowbOD2nS4[/embed]

„На нашите иселеници тука во Белгија им посочив зошто е важно дијаспората масовно да се попише. Треба да имаме реална слика. Конечно има можност граѓаните да направат нешто директно за себе. Резултатите од пописот ќе бидат водилка при креирањето на сите развојни политики. Пописот ќе се одржи, а методологијата и начинот на спроведување на истиот е според највисоките светски стандарди и ЕВРОСТАТ“, потенцираше Маричиќ.

Министерот го пренесе ставот на Владата дека пописот нема да се одложи и дека тој ќе се спроведе според највисоките стандарди. Дополнително поради пандемијата ќе бидат почитувани препораките на Комисијата за заразни болести кои ги дизајнираше токму за безбедно спроведување на статистичката операција.

Претставниците на дијаспората во Белгија на разговорот со Маричиќ се интересираа за тоа како досега се одвива пописот и кога можат да се очекуваат резултатите од истиот.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk