logo
logo
logo

ВИДЕО: Димитриевски се пожали дека полицијата го следи: МВР ме спречува да работам и го прашувам Спасовски зошто сум следен

Vecer | 19.10.2021

ВИДЕО: Димитриевски се пожали дека полицијата го следи: МВР ме спречува да работам и го прашувам Спасовски зошто сум следен

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски со вклучување во живо на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

Градоначалникот се пожали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела и и дека само му било наредено возилото да го однесе на вонреден технички сервис.

– Возилото е ново со сета потребна документација. Станува збор за ептен ново возило. Со ваквиот свој потег полицијата ме онеспосубува да работам. Полицијата се однесува непрофесионално. Јавно го повикувам министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да каже зошто постојано сум следен од полициски службеници, рече Димитриевски.

– За ова некој ќе сноси одговорност, додаде тој.

Од полицијата за „Слободен печат“ велат дека станува збор за редовна контрола на возила и дека законот важел за сите дури и за кумановскиот градоначалник.

– Патрола од сообраќајната полиција во Куманово го запрела возилото со кое денеска се превезувал актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило, информираат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk