logo
logo
logo

(Видео) Атинската трговско-индустриска комора му додели одликување на премиерот Заев за унапредување на економските и политичките врски меѓу двете земји

Vecer | 14.05.2021

(Видео) Атинската трговско-индустриска комора му додели одликување на премиерот Заев за унапредување на економските и политичките врски меѓу двете земји


На претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Атина му е врачено одликување како признание за неговиот голем придонес во унапредувањето на економските и политичките врски меѓу Грција и Северна Македонија од страна на претседателот на Атинската трговско-индустриска комора, Константинос Михалос.

Претседателот на комората Михалос искажа голема благодарност за посветената работа на премиерот Заев и за неговите заложби за зацврстување и унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=AlVFImxo5QA[/embed]

На средбата присуствуваа истакнати стопанственици, членови на комората од повеќе сектори како енергетика, индустрија, ИТ индустријата, фармацијата, кои искажаа интерес за инвестирање и за нови вложувања со партнери од Северна Македонија.

Премиерот Заев се заблагодари за честа за доделеното одликување и за укажаното признание и подвлече дека Владата на Северна Македонија континуирано се залага за подобрување на деловниот амбиент и за инвестициски вложувања. Посочи дека надворешно-трговската размена на Република Северна Македонија со Република Грција е значајна имајќи предвид дека Грција континуирано се наоѓа меѓу петте најголеми наши трговски партнери.

Со средбата во Атинската трговско-индустриска комора, премиерот Заев ја заокружи дводневната работна посета на Атина и учеството на Економскиот Форум Делфи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk