logo
logo
logo

Откако ја продаде Градската куќа

Вицкасто: ШИЛЕГОВ ДОПРВА ЌЕ ГРАДЕЛ ТРАМВАЈ ТРАСИ, а за 6 месеци си заминува

Vecer | 11.04.2021

Вицкасто: ШИЛЕГОВ ДОПРВА ЌЕ ГРАДЕЛ ТРАМВАЈ ТРАСИ, а за 6 месеци си заминува

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, поточно „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“, соопштија градските власти. Инаку, овој проект  градоначалникот Петре Шилегов го најави уште на почетокот на мандатот кој сега му истекува.

  • Откако Собранието го усвои законот за задолжување, конечно се отвори патот Скопје да добие современ и добро организиран јавен превоз и да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, соопштија од Град Скопје.

Како што информираат, во наредниот период треба да се потпише договорот меѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да почнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз.

Проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје опфаќа две линии со коридори резервирани за брз автобуски превоз – Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12.81 km и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север – југ од железничката станица на бул. БИХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10.4 km со 20 автобуски станици.

Од Градот посочуваат дека со имплементацијата на првата фаза, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче со должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска постојка и 2 терминали, времето на патување од сегашните 70 минути ќе се намали за повеќе од 50 отсто, односно времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.

Мандатот на Петре Шилегов завршува за 6 месеци. Зад него и неговиот четири годишен мандат не останува ниту еден изграден капотален проект а тој помеѓу останатото ќе биде запаметен како прв градоначалник во Европа кој ја продал Градската куќа и ги потрошил парите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk