logo
logo
logo

Вежбовни активности, презентација на опрема и возила на МВР на Денот на независноста

Vecer | 08.09.2022

Вежбовни активности, презентација на опрема и возила на МВР на Денот на независноста

По повод одбележувањето на Денот на независноста – 8.Септември денеска во Градски Парк-Школка, Скопје, ќе се одржат вежбовни активности, презентација на опремата и возилата на МВР, како и запознавање одблиску со единиците на МВР. – Како што при одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, граѓаните, особени најмладите, имаа можност да се дружат со припадниците на полициските служби, Одделот за специјални полициски операции, и да се запознаат со нивните задачи, униформи, опрема, така и утрешното празнување го одбележуваме заедно со граѓаните – партнерството го промовираме на терен, за сите генерации без исклучок, затоа што секој еден граѓанин ни е важен! Се гледаме!, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk