logo
logo
logo

Мицкоски: Ветија милијарда помош, а дадоа 350 милиони, КОЈ ГИ УКРАДЕ 650 МИЛИОНИ ЕВРА?

Vecer | 16.02.2021

Мицкоски: Ветија милијарда помош, а дадоа 350 милиони, КОЈ ГИ УКРАДЕ 650 МИЛИОНИ ЕВРА?

Новиот пакет на мерки со кој се фали владата е неразвоен и нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните, туку е ново пљачкање на државата, додека бизнисот и граѓаните трпат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата на компанијата Специјал, во општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање  за петтиот владин пакет мерки.

Мицкоски истакна дека како и досега нема помош, туку има крадење бидејќи власта вети една милијарда евра, а самиот Фатмир Битиќи кажа дека помошта била за граѓаните и за стопанството не повеќе од 350 милиони евра, што значи дека ги нема или некој ги покрал останатите 650 милиони евра.

- Поддршката на стопанствениците и на компаниите, велеа дека ќе даделе бескаматни кредити, а потоа под притисок на опозицијата и јавноста додадоа во февруари и март дека во зависност од падот на приходите на компаниите ќе дадат дополнителна стимулација за вработените за личниот доход започнувајќи од 14.500 денари за најмалиот пад на промет до 21.000 денари за поголем пад, рече Мицкоски.

Тој вели дека тоа е за поздрав, но треба да трае за целата 2021 година која очигледно ќе биде кризна за македонската економија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека неприфатливи се акробациите на власта бидејќи создаваат несигурност во бизнисот и луѓето не можат да планираат на правилен начин, бидејќи носат решенија под притисоци, решенија денес за утре наместо да има предвидлив период.

- Никаде не видов интензивна реализација на капиталните инвестиции што е суштински важно, не се гледа каде ќе се градат патишта, не се гледа каде ќе се реновираат болници, не се гледа каде ќе се гради канализација, не се гледа каде ќе се инвестира во водоводи, театри, градинки, културни институции. Реализацијата на капиталните инвестиции никаде  не ја гледаме што основно за раст за економијата и поддршка за бизнисот и стопанството, нагласи Мицкоски.

Тој вели дека наместо помош сега власта се обидува повторно со ниски кампањи, како тоа дека игра на ставот дека ќе ги избришат долговите што ги имале граѓаните кон комуналните претпријатија, ако основниот долг го платат во 6 или 12 рати, но ги изоставуваат оние граѓани кои редовно ги сервисираат своите обврски.

- Треба да им се помогне на луѓето да им се дадат повеќе рати, но што со оние граѓани кои редовно ги сервисираат своите обврски и зошто тие се изоставени во овој пакет. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, амандмански ќе интервенираме во предлог законот и за оние граѓаните кои редовно ги плаќаат обврските да има одредена помош ваучери кои понатаму може да ги користат за плаќање на овие обврски, рече Мицкоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=XaxBtz0BuOY[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk