logo
logo
logo

ВЕТИЈА КЛИНИЧКИ, А НЕМА НИ ТЕМЕЛИ, новиот министер по 6 години вика требало поширок консензус

Vecer | 30.05.2023

ВЕТИЈА КЛИНИЧКИ, А НЕМА НИ ТЕМЕЛИ, новиот министер по 6 години вика требало поширок консензус

Владата која го прекина проектот за Клинички центар во Скопје и најави дека ќе изгради нов и по шест години на власт се уште нема ни темели.

Се менуваат министри и секој со свое видување и со свое ветување за Клиничкиот центар. Од сите можеби најгласен беше поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој во 2020 година најави дека ќе се добие нов модерен Клинички со четири блока, од кои едниот требаше да биде готов следните 4 години.

Постапката практично започна. Ние ја прекинавме поради изборниот процес, коронакризата и сега треба да продолжи. Предлогот и концептот се Клиничкиот центар да биде во четири блока. Верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и да почнат со работа. Како ќе бидат завршени следните блокови ќе се празнат и клиниките според стратегијата, изјави Филипче во телевизиско интервју за Канал 5 на 3 септември 2020 година.

Затоа сега новиот министер за здравство, Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за новиот клинички центар, изјави дека станува збор за голем, комплексен капитален проект за кој е потребен поширок консензус меѓу партиите и општеството.

Како што рече, проектот е презентиран пред заинтересирани страни и амбасади и дека има интерес.

– Новиот клинички центар е голем капитален проект, ќе ни треба поширок консензус меѓу партиите и во општеството. Во неколку наврати потврдив дека го имаме не само Клинички, туку и концептот на регионалните центри, но тоа нема да се случи утре. Тоа е покомплексен проект и треба повеќе страни да се консултираат, рече Меџити, додавајќи дека не сака да ветува дали камен темелникот на новиот клинички центар ќе биде ставен пред изборите.

Локацијата за новиот клинички центар, како што посочи, останува иста.

Нов клинички центар најавуваа сите власти во изминативе десетина години, партиите го ветуваа во изборните програми како клучен капитален објект, по што се распишуваа тендери и се склучуваа договори. Изградба на современ медицински центар ветуваа сите министри за здравство од 2010 година, почнувајќи од Бујар Османи, па Никола Тодоров, Арбен Таравари, Венко Филипче и Беким Сали, и според ветувањата одамна требаше да биде готов

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk